logo
logo
logo

Гечевски: Името на Буштур мора да се запамети, тоа е наша цел и обврска

Vecer | 12.05.2021

Гечевски: Името на Буштур мора да се запамети, тоа е наша цел и обврска

Денешната прес конференција на КФСМ која беше одржана по повод завршницата од купот во машка конкуренција беше отворена со специјална посвета. Посвета кон оној чие име од ова издание ќе го носи националниот Куп – Благоја Георгиевски Буштур. Спортскиот директор Тодор Гечевски ја имаше таа чест да и се обрати на јавноста и да ја сподели оваа посвета.

„Периодот што измина беше еден тежок за кошарката во Македонија. Изгубивме доста видни личности кои придонесоа за развој на кошарката и она што сме ние денеска, и кошаркари и кошаркарски работници. Од сите имиња кои ги изгубивме, едно име се издвојува, тоа е името на големиот кошаркар, тренер, спортски работник и на крајот еден голем човек – Благоја Георгиевски Буштур. Ние како раководство на федерацијата едногласно одлучивме дека неговото име треба да биде запишано во историјата, но и во иднината на македонската кошарка, па затоа се договоривме дека во иднина Купот на Македонија ќе го носи неговото име. Наша чест и обврска е да се запамети неговото име, да остане во сеќавањата на сите, да остане како пример на сегашните работници и да остане на едни идни генерации кои следејќи го неговиот пример ќе направат се за да македонската кошарка биде се поголема и поквалитетна.“ – потенцира Гечевски, а потоа им посака среќа и на сите учесници.

„Се надевам дека сите присутни овде се надеваат на добра игра, на победи и на крајот на краиштата ние како федерација се надеваме на добра кошарка и дека најдобриот ќе го однесе пехарот дома. На сите присутни им посакувам среќа и ферплеј се да заврши како што треба.“ – заврши Спортскиот Директор.

На прес-конференцијата беше присутен и Борјан Георгиевски, синот на легендарниот Буштур.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk