logo
logo
logo

„Газета дело Спорт“ објави ТОП 10 листа на најголеми промашувања во Серија А

Vecer | 10.04.2021

„Газета дело Спорт“ објави ТОП 10 листа на најголеми промашувања во Серија А

Италијанскиот спортски весник „Газета дело Спорт“ излезе со список на ТОП 10 најголеми промашувања во Серија А оваа сезона. На листата се најдоа повеќе фудбалери кои беа доведени во клубовите како големи засилувања, но тотално потфрлија.

Марио Манџукиќ (34). Дојде без обештетување на Милан во зимскиот преоден рок. Четири настапи без гол.

Никола Калиниќ (33). Дојде во октомври минатата година од Атлетико во Верона со обештетување од 1,8 милиони евра. 12 натпревари, еден гол.

Амир Рахмани (27). Дојде во летниот преоден рок од Верона во Наполи со обештетување од 14 милиони евра. 14 настапи, една асистенција.

Александар Коларов (35). Дојде во летниот преоден рок од Рома во Интер со обештетување од 1,5 милиони евра. 11 натпревари, една асистенција.

Педро (33). Дојде во летниот преоден рок од Челзи во Рома без обештетување. 32 натпревари, пет погодоци и една асистенција.

Сем Ламерс (23). Дојде во летниот преоден рок од ПСВ во Аталанта со обештетување од 9 милиони евра. 14 натпревари, два гола.

Роберто Инглезе (29). Дојде во летниот преоден рок од Наполи во Парма со обештетување од 18 милиони евра. 14 натпревари, две асистенции.

Александар Кокорин (30). Дојде во зимскиот преоден рок од Спартак Москва во Фиорентина со обештетување од 4,5 милиони евра. Три настапи без гол.

Томас Стракоша (26). 8 настапи, 14 примени голови.

Гери Медел (33). 11 настапи, една асистенција.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk