logo
logo
logo

Газдите на Јунајтед имаат план да ги смират навивачите - ќе го купат Хари Кејн

Vecer | 05.05.2021

Газдите на Јунајтед имаат план да ги смират навивачите - ќе го купат Хари Кејн

Навивачите на Манчестер Јунајтед направија хаос во неделата, го кренаа гласот против газдите на клубот, американската фамилија Глејзер. Протестите продолжија, незадоволството се зголемува, а не само поради одлуката за настап во Суперлигата место во ЛШ, туку и поради лошата политика што ја водат челниците. Мечот со Ливерпул не се одигра, а навивачите најавуваат пожестоки протести.

Челниците на клубот во меѓувреме објавија дека нема да го продаваат Јунајтед со што ги демантираа некои тврдења дека се преговара за продажба. Според дел од медиумите, првите луѓе на клубот од Манчестер имаат намера да го донесат најдобриот голгетер во Премиер лигата Хари Кејн. Капитенот на Тотенхем не е задоволен на „Вајт Харт Лејн“ затоа што не освојува трофеи, па Јунајтед сака да го искористи моментот и да го донесе.

Од друга страна фамилијата Глејзер се надеваат дека со ова засилување донекаде ќе ги смират страстите на навивачите. За Кејн би требало да издвојат 90 милиони фунти.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk