logo
logo
logo

Газдите на Интер ќе земаат кредит за да го враќаат долгот кон доверителите

Vecer | 09.02.2021

Газдите на Интер ќе земаат кредит за да го враќаат долгот кон доверителите

Кинеската групација „Сунинг“, која е сопственик на мнозинството акции во Интер, веќе со недели преговара за нивна продажба, бидејќи кризата предизвикана од „Ковид-19“ и блокирањето на инвестициите во странство од страна на кинеската влада, им ја отежнува работата.

Во моментов се водат преговори со британскиот фонд БЦ Партнерс, но понудата и побарувачката се уште се далеку, а неодамна се појавија и други познати компании, кои се подготвени да инвестираат во Интер.

Сепак, кинеската групација има и план Б, затоа што ако не успее да ги продаде акциите на компанија за која смета дека е соодветна да го води клубот, тогаш ќе побара заем од 200 милиони евра, што би помогнало во управувањето со клубот барем за сезоната 2021/22. Кинезите се надеваат дека ефектите од пандемијата ќе бидат ублажени и приходите на клубот повторно ќе се зголемат. Формулата на позајмицата би била иста како онаа на поранешниот кинески газда во Милан, откако доби значителен долг од фондот „Елиот“, а потоа не успеа да го отплати.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk