logo
logo
logo

Газдата на ПСЖ со порака за Нејмар и Мбапе

Vecer | 14.04.2021

Газдата на ПСЖ со порака за Нејмар и Мбапе

Своите пет минути со медиумите по пласманот на ПСЖ во полуфиналето на Лигата на шампионите ги дочека и првиот човек на францускиот првак, Насер Ал-Келаифи.

Неговиот тим беше поразен од Баерн со 0-1, но по победата од 3-1 се најде на два чекори до титулата.

Ал-Келаифи беше запрашан за ѕвездите Мбапе и Нејмар. Тој имаше порака за сите заинтересирани клубови, посебно за младиот француски фудбалер, кој во последно време се повеќе се поврзува со Реал Мадрид.

„Нејмар и Мбапе сега гледаат дека не мора да си одат и дека можат со ПСЖ да го освојат трофејот во ЛШ. Преговараме, сакаме да ги задржиме. Во моментов разговараме за некои детали, но има уште многу да се направи до конечниот договор“, призна тој.

На Мбапе договорот му истекува следното лето, ако не се согласи да го продолжи договорот, ПСЖ ќе мора да го продаде во следниот преоден рок.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk