logo
logo
logo

Гатузо: Верувам во овој тим, да не верував ќе се спакував и ќе си отидев

Vecer | 13.02.2021

Гатузо: Верувам во овој тим, да не верував ќе се спакував и ќе си отидев

Наполи го совлада Јувентус во дербито на 22. коло во италијанската Серија А, а тренерот Џенаро Гатузо засега е мирен и што е најважно тимот ја врати самодовербата разнишана по претходните лоши резултати. Мечот го одлучи голот на Инсиње и одличниот голман Алекс Мерет кој застана на голот на местото на повредениот Оспина.

Покажавме срце и посветеност. Можеби Јуве заслужи нешто повеќе, меѓутоа ние го истрпевме нивниот притисок и ја сочувавме мрежата. Верувам во оваа екипа, да не верував ќе се спакував и ќе си отидев. Јасно е дека не можеш да работиш како тренер ако не веруваш во играчите“, изјави Гатузо.

Против Аталанта примивме два гола, но вечерва добро го затворивме нашиот гол. Сакам да ги издвојам Рахмани кој одигра одличен натпревар и покажа пожртвуваност иако игра многу малку како и Никола Максимовиќ чиј договор истекув, а дава се од себе. Не знам каде ќе бевме сега доколку не беше коронавирусот и повредите, но јасно е дека ова е чудна и нетипична сезона. Се будиш и не знаеш што те чека во текот на денот. Во последните денови се кажаа многу работи за мене. Едно да ми судите за работата, но друго е кога ќе ме навредите. Тоа не го трпам од никого“, додаде тренерот на Наполи.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk