logo
logo
logo

Гатузо потпишува за Фиорентина за 2 мил.евра по сезона?

Vecer | 16.05.2021

Гатузо потпишува за Фиорентина за 2 мил.евра по сезона?

Тренерот на Наполи Џенаро Гатузо најверојатно ќе ја смени средината по завршувањето на сезоната во Серија А. Поранешниот тренер на Милан е интересен за Фиорентина, пишува истакнатиот италијански новинар Николо Скира кој е „специјалист“ по трансферите во Италија. „Виолетовите“ му спремиле договор на Гатузо со важност до 2023 година, а платата би му изнесувала по 2 милиони евра по сезона.

Гатузо е првиот избор на претседателот на клубот Роко Комисо, кој исто така е спремен да му даде слобода во работата на „Артемио Франки“. Гатузо ќе може да учествува во кроењето на трансферната политика и да работи на подмладување на составот.

Исто така постои опција соработката да биде продолжена на уште една сезона.

Во моментов Фиорентина е на 13-тата позиција во Серија А со 39 поени, додека Гатузо со Наполи се бори за излез во ЛШ.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk