logo
logo
logo

Гатузо и Валенсија стартуваа со победа (видео)

Vecer | 14.08.2022

Гатузо и Валенсија стартуваа со победа (видео)

Валенсија со победа ја отвори сезоната во Ла Лига, а на свој терен ја совлада екипата на Џирона со 1:0. Голот за победа вредна три бода го постигна Карлос Солер од пенал во 45 минута.
Инаку Валенсија од 52. минута играше со фудбалер помалку поради црвен картон на дефанзивецот Ерај Комерт меѓутоа тоа не ги попречи во походот кон победата. Тоа е воедно и дебитантска победа во Ла Лига на новиот тренер на „лилјаците“ Џенаро Гатузо.
Претходно Сосиедад забележа победа на гостувањето кај Кадиз со 1:0. Голот го постигна Кубо во 24. минута.

Победничкиот гол на Валенсија погледнете го ОВДЕ

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk