logo
logo
logo

Гасперини: Никој не ме побарал, а и да ме бара прво ќе зборувам со газдата на Аталанта

Vecer | 09.05.2021

Гасперини: Никој не ме побарал, а и да ме бара прво ќе зборувам со газдата на Аталанта

Главниот тренер на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини, изјави дека не разговарал со претставници на други клубови за негово можно заминување од Бергамо ова лето.

„Имам долгорочен договор со Аталанта. Јас сум многу среќен тука. Секој ден има пораки за интерес на одреден клуб. Можам да ве уверам дека не сум контактирал никого. Јас сум поласкан ако има навистина заинтересирани луѓе за моите услуги. Но, ако некој сака да разговара со мене, ве повикувам да го сторите тоа на крајот на сезоната, и само откако ќе разговарам со претседателот на Аталанта“, вели Гасперини.

Деновиве на Островот на големо се пишуваше дека Тотенхем е заинтересиран за Гасперини.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk