logo
logo
logo

Гасперини: Ако не знае да суди нека најде друга работа

Vecer | 25.02.2021

Гасперини: Ако не знае да суди нека најде друга работа

Синоќа се одиграа дел од мечевите во елиминационата фаза од Лигата на Шампионите, во која тимот на Аталанта на домашен терен беше поразен од Реал Мадрид со минимални 0:1. Стрелец на голот беше Менди во последните моменти од мечот, кој во голема мера беше решен со црвениот картон кој главниот судија од Германија, Тобиас Стиелер, му го покажа на домашниот играч  Рем Фреулер, со што Аталанта еден час играше со играч помалку.

„Сосема поинаку ќе беше ако игравме со сите играчи. А и вака добро се држевме, добро се браневме, за малку што не извлековме реми. Мечот беше упропастен. Минатата година по еден тотален хаос беше решено играњето со рака, а жете сега очигледно дека се оди на тоа да не се дозволи веќе никаков контакт помеѓу играчите. Ме суспендираа во Серија А, затоа што мнгу зборувам, а веројатно и УЕФА ќе го стори тоа но не можам да премолчам.

Едноставно не може да имаме судии, кои никогаш не играле фудбал, и не знаат што е разликата помеѓу контакт и прекршок. Ако не ја знаеш разликата, најди некоја друга работа, бави се со нешто друго. Подобро ќе биде да им дадат да судат на луѓе кои играле фудбал. Не може да ги имаш сите помагала, а повторно да грешиш. Чекаш толку многу на овој меч,  и потоа некој ќе го упропасти. Можеби и така ќе загубевме, не се жалам на резултатот, но мислам дека требаше да ни дозволат да одиграме„ – „распука“ тренерот на домашните Џан Пиеро Гасперини. 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk