logo
logo
logo

Гасол не потврди, но и не демантираше дека ќе се врати во Барселона

Vecer | 21.02.2021

Гасол не потврди, но и не демантираше дека ќе се врати во Барселона

Откако денеска се појавија информации дека шпанскиот ветеран, Пау Гасол, очекува трансфер во Барселона, денеска се огласи и кошаркарот на социјалните мрежи.

„Денес ги слушнав вестите од Шпанија и решив да кажам дека сè уште сум фокусиран само на закрепнување. Засега не сум подготвен да се вратам на натпреварите. Веднаш штом има нови информации, ќе известувам на моите социјални мрежи“, напиша Гасол.

Медиумите известуваа за можниот трансфер на Гасол во Барселона уште во јули 2020 година. Пау поголемиот дел од својата професионална кариера ја помина во НБА, играјќи за Мемфис, Лос Анџелес Лејкерс , Чикаго, Сан Антонио и Милвоки.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk