Гарсија доби нов договор

" alt=

Тренерот на Вотфорд, Хави Гарсија, ќе потпише нов три годишен договор со клубот, објави „Скај спорт“.

Гарсија, во јануари, го замени на клупата Марко Силва. Тој тогаш потпишал 18-месечен договор. Според новиот договор, Гарсија ќе остане во Вотворд до завршувањето на сезоната 2020/2021.

Силва е првиот тренер на Вотфорд, уште од 2011 година, кој го продолжил договорот со клубот.

Шпанецот, минатата сезона, успеа со серијата на позитивни резултати да му обезбеди опстанок на Вотворд. Сезоната ја заврши на 14.место на табелата.

Во тековната сезоната тимот на Хави Гарсија се наоѓа на осмото место на табелата.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари