logo
logo
logo

Галиани има коронавирус - Sportmedia.mk

Vecer | 26.02.2021

Галиани има коронавирус - Sportmedia.mk

Адриано Галиани, легендарниот фудбалски функционер од Италија, кој во моментов е прв човек на второлигашот Монца е позитивен на коронавирус.

Клубот ја објави оваа информација додавајќи дека Галиани се чувствува добро, дека нема некои посеириозни симптоми, и дека нормално се наоѓа во изолација.

Ова не е прв случај во таборот на Монца периодов да се појави коронавирусот. Беа позитивни десетина фудбалери, а воедно беше позитивен и првиот човек на клубот, Силвио Берлускони.

Инаку само за потсетување, од лето член на тимот на Монца ќе биде нашиот млад репрезентативец Лука Станковски.

 

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk