logo
logo
logo

Галатасарај по 23. пат е шампион на Турција, најсреќен е Дрис Мертенс

Vecer | 30.05.2023

Галатасарај по 23. пат е шампион на Турција, најсреќен е Дрис Мертенс

Фудбалерите на Галатасарај се новите турски шампиони! Во последното 34. коло од сезоната, Галата денеска славеше со убедливи 4:1 на гостински терен против Анкарагучи и ја освои својата 23-та титула во историјата.

За првпат по пауза од 4 години, Галатасарај се искачува на шампионскиот трон, откако минатата сезона титулата беше во рацете на фудбалерите на Трабзонспор, кои годинава останаа дури на 6. место, иако денеска во последното коло славеа со 4:2 на гостувањето кај Гиресунспор, кого, пак, го испратија во Втората лига.

Фенербахче на Џани Алиоски заврши како втор и заедно со третопласираниот Бешикташ обезбедија пласман во Лигата на Европа за следната сезона. На денешната титула на Галатасарај можеби најмногу и се израдува белгискиот ветеран Дријс Мертенс, кој за првпат во кариерата на 36 години успеа да стане шампион со некој клуб.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk