logo
logo
logo

Галатасарај отпушти играч поради критики кон раководството за лошиот терен

Vecer | 10.03.2021

Галатасарај отпушти играч поради критики кон раководството за лошиот терен

Турскиот гигант Галатасарај, се одлучи да му врачи отказ на мароканскиот фудбалер Јунус Белханда, поради критики упатени кон раководството на тимот.

Белханда го критикувал раководството поради лошиот терен за натпреварот со Сиваспор, а коментарите на крајот го чинеле отказ.

„Тешко е да се направи било што на таков терен. Погледнете ги овие услови. Теренот мора да биде подобар. Теренот за тренинг изгледа подобар од овој. Ги интересира само објави на социјалните мрежи, а малку треба да се потрудат да го поправат теренот и внатре од клубот“, рече Беханда, зборови кои го чинеа отказ.

Мароканецот беше дел од Галата од 2017 година.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk