И СТОИЧКОВ ПОБАРА НЕЗАВИСНОСТ

Гајле ми е за Шпанија, но ми значи каталонскиот народ

Поранешниот напаѓач смета дека Владата на Шпанија е одговорна за насилството кое избувна за време на референдумот

Неколку дена подоцна и легендарниот репрезентативец на Бугарија, Христо Стоичков, јавно го поддржа референдумот за независност на Каталонија.

Стоичков е поранешен фудбалер на Барселона и миленик на најверните фанови. Во 1990 година се пресели на "Ноу Камп", а во следните осум сезони, Бугаринот постигна 162 погодока во дресот на каталонскиот гигант.

Политичкото водство и народот на Каталонија, кое гласаше на референдумот, донесе одлука дека е дојден моментот за да биде прогласена независност. Јас ја поддржувам таквата амбиција. Мислам дека тоа е природно затоа што јас таму живеев 27 години. Добро знам што се ми дадоа и што му дадов јас на тој народ. Не ми е гајле за Шпанија, но многу ми значи народот во Каталонија, изјави Стоичков за бугарската национална телевизија.

Поранешниот напаѓач смета дека Владата на Шпанија е одговорна за насилството кое избувна за време на референдумот. Шпанската полиција употреби и гумени кршуми се со цел да не биде одржан референдумот.

Целиот свет виде што се случи во Барселона. Никој не сака насилство, крв, тоа е неприфатливо, додаде Стоичков.

Поврзани

Најнови вести

Коментари