logo
logo
logo

Гаџа: Навивачите ја ценат нашата борбеност!

Vecer | 26.10.2021

Гаџа: Навивачите ја ценат нашата борбеност!

Вардар 1961 по двата порази во Лигата на шампиони утре на домашен терен го пречекува Кил, дуел кој е закажан за 20:45 часот. Од таборот на актуелниот македонски првак порачаа дека билети има во продажба, ракометарите со стручниот штаб посакуваат негативата серија да заврши, а токму за ваков подвиг им е потребна поддршка од трибините.

Анте Гаџа и неговите соиграчи се свесни дека против Кил мора да максимално концентрирани, против еден ваков противник немаат право на грешка. Го радува што имаат поддршка од фановите, кои ја ценат нивната борбеност.

„Мислам дека има уште простор за напредок во нападот иако и досега постигнуваме доста голови. Сигурно дека и ние во некои моменти не сме задоволни и дека има тука уште да се работи. Со Кил ќе мора да бидеме многу концентрирани во нападот, бидејќи многу лесно ги казнува грешките, трчаат брзи контри затоа мислам дека тоа ќе биде важен елемент, ако сакаме да го добиеме натпреварот“, рече Гаџа, кој додаде:

„По двете стартни домашни победи, дојдоа поразите. Сепак навивачите ја ценеа нашата борбеност и затоа мора да дадеме максимум и на следните натпревари“. 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk