logo
logo
logo

Гаџа: Ме прогласија за најдобар играч бидејќи промашив на крајот!

Vecer | 15.09.2021

Гаџа: Ме прогласија за најдобар играч бидејќи промашив на крајот!

Анте Гаџа имаше шанса да му донесе цел плен на Вардар 1961 на гостувањето кај Елверум во рамките на првото коло во Лигата на шампионите. Хрватскиот ракометар не успеа да реализира, на крајот македонскиот првак освои бод (27-27).

Гаџа на крајот беше прогласен за најдобар играч на мечот. Па лицето кое беше задолжено за прес-конференција го праша како се чувствува.

„Да бев прогласен за најдобар играч бидејќи на крајот промашив за победа“, ја почна прес-конференцијата Гаџа, на кого не му беше сеедно, нормално, но очекува Вардар да ги освои бодовите веќе на следните мечеви на домашен терен.

„Сакавме да победиме, мислам дека е фер резултат и Елверум заслужи бод. Сега имаме три домашни мечеви во ЛШ во кои ќе се обидеме да освоиме бодови“, додаде Гаџа, кој мечот го заврши со четири гола.

Веселин Вујовиќ се обрати исто кратко, го пофали домаќинот за добрата игра, најави дека Вардар се врти кон следните дуели во ЛШ, прв на домашен терен е пресметката со Мешков Брест,

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk