logo
logo
logo

Габигол го донесе Фламенго на чекор до титула, Васко де Гама оди во втора лига (ВИДЕО)

Vecer | 21.02.2021

Габигол го донесе Фламенго на чекор до титула, Васко де Гама оди во втора лига (ВИДЕО)

Фудбалерите на Фламенго по вечерашните натпревари во бразилската Серија А стигнаа многу близу до титулата.

Популарниот „Габигол“ со погодокот во 63. минута на мечот го донесе Фламенго на чекор до титулата, по победата над Интернасионал со 2:1 во директната борба за титулата. Со овој триумф, Фламенго го помина Интернасионал на врвот на табелата за два бода и тоа на само едно коло до крајот на шампионатот.

 

Интернасионал влезе во овој натпревар со шанса да ја освои титулата во случај на победа, поведоа со 1:0, но подоа Фламенго се потруди да дојде до пресврт. Фламенго во последното коло е домаќин на Сао Паоло, додека Интернасионал е домаќин на Коринтијанс. Гигантот Васко де Гама е пред испаѓање. Тие вечерва ремизираа со Коринтијанс (0:0) и практично немаат никакви шанси да останат во елитата на Бразил, затоа што во последното коло мораат да слават со повеќе од десет гола разлика против Гоиас.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk