logo
logo
logo

Футсал: Македонија во трилер – финиш загуби од БиХ

Vecer | 08.04.2021

Футсал: Македонија во трилер – финиш загуби од БиХ

Футсал репрезентацијата на Македонија вечерва во “Јане Сандански“ во Скопје, во меч од 5.коло во квалификациската група 4 за пласман на ЕУРО, е поразена од БиХ со 2:3. Со тоа гостите и натаму се максимални, ова им беше пета победа во истиот меч. Избраниците на селекторот Васко Скендеровски му пружија силен отпор на големиот фаворит, треба да се знае дека ние игравме без седумина стандардни репрезентативци, но на крајот сепак загубија.

Средбата почна со поактивна игра на гостите, кои веднаш до ставија до знаење дека и тука сакаат да ја оправдаат улогата на фаворити. Нашите репрезентативци како да започнаа во грч, но како што одминуваше времето постепено се ослободуваа и почнаа со акции на противничката половина. Инаку овој период заврши со водство на Босанците и тоа со голот на Јосип Сесар во 12.29, за 1:0. Имаа нашите неколку добри акции пред голот на Милановиќ, но не успеаја да ја затресат неговата мрежа.

РАНГОТОВ ИЗРАМНУВА…

Подобра игра на Македонија на стартот од вториот дел и веднаш израмнување. Капитенот Ранготов убаво се снајде пред гостинскиот гол и успеа да го совлада Милановиќ во 22.12. минута. Во тие моменти Македонија беше таа што повеќе инсистираше на гол, на победа. Но БиХ беше таа што поведе, и тоа со голот на Хркач во 35.10, по една убава комбинација на гостите пред нашиот гол. Македонија израмни во финишот преку Рамадан, за да на крај БиХ успеа да погоди преку Јелиќ за победа од 3:2. И тоа од крајно сонмнитална ситуација, топката се чини дека не ја мина гол линијата.

Вториот меч од 5.коло во групата меѓу Србија и Романија се игра утре. Македонија својот последен натпревар во овие квалификации ќе го одигра со Романија на гости на 14 април.

ФОТО: Петр Стојановски

Квалификации за ЕП – група 4

МАКЕДОНИЈА – БИХ 2:3 (0:1)

Арена “Јане Сандански“ во Скопје. Гледачи: /. Судии: Виктор Бугенко (МОЛ), Јагнар Јакобсон (ЕСТ), Јосип Бартон (МАК). Стрелци: Ранготов 22.12, Рамадан 38.42  (МАК),Ј. Сесар 12.29., Хркач 35.10, Јелиќ 39.48 (БИХ).

МАКЕДОНИЈА: Петровски, Исмаили, Петровиќ, Мар.Тодоровски, Арсовски, Стојановски, Ибиши, Сефери, Сулејман, Рамадан, Агуши, Ранготов, Даиловски.

Селектор: Васко Скендеровски.

БИХ: Милановиќ, Арнаутовиќ, Јелиќ, Хркач, Кахвеџиќ, Галиќ, М. Сесар, Ј. Сесар, Алаџиќ, Иванковиќ, Радимиловиќ, Бошковиќ, Госто.

Селектор: Иво Крезо.

ТАБЕЛА – ГРУПА 4

1.БИХ 13

2.СРБИЈА 5

3.РОМАНИЈА 2

4.МАКЕДОНИЈА 2


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk