logo
logo
logo

Футсал: Браво Антонио, феноменалниот Петровски ја одбрани Македонија во Врање!

Vecer | 05.03.2021

Футсал: Браво Антонио, феноменалниот Петровски ја одбрани Македонија во Врање!

Вечерва во Врање, во меч од 3.коло во кваликациската група 4 за пласман на ЕП, Македонија на гостувањето кај Србија одигра 1:1. Супер резултат ако се знае дека домашната селекција беше голем фаворит. Освоен е бод и тоа благодарение на голманот Антонио Петровски кој беше фантастичен со 21 одбрани.

БРАВО за АНТОНИО.

Првиот дел измина во целосна иницијатива на домашната селекција. Србија имаше шанси, во два наврати ја погоди рамката на голот, но вреди да се истакна храбрата и пожртвувана игра на Македонија. Како ли само се фрлаа на паркетот и ги блокираа шутевите на домашните репрезентативци. Секоја чест. Инаку Србија поведе со голот на Пршиќ во 3.30 минута, додека ние израмнивме на 1:1 во 9.47 минута со голот на Крстевски. Во финишот можеби можеше подобро да се снајде пред домашниот голман Момчиловиќ, но сепак на пауза се замина со 1:1. Вреди да се потенцираат и фантастичните одбрани на нашиот гоман Антонио Петровски.

Вториот дел продолжи со иста слика на паркетот во Врање. Србија напаѓа, ние се браниме а голманот Петровски и натаму ги излудуваше домашните репрезентативци.

Србите како што се наближуваше крајот на мечот тргна со сите сили, во бранови напаѓаше, се играше висок пресинг, но нашата одбрана на чело со Петровски секогаш излегуваше како победник. Во последните секунди од мечот кога беа во напад Србите играа и без голман, но бадијала, на крајот сепак мечот заврши без победник 1:1.

Веќе на 9 март во Скопје, Македонија ќе ја пречека Србија во рамките на 4.коло во квалификациската група 4.

СРБИЈА – МАКЕДОНИЈА 1:1 (1:1)

Сала во Врање. Судии: Максим Џеикала и Анатолиј Уштужјанин (Белорусија), Оливер Николиќ (Србија). Стрелци: Пршиќ 3.30. (СРБ).Крстевски 9.47. (МАК). Ж. Картони: Стојковиќ (СРБ), Леовски (МАК).

СРБИЈА:Момчиловиќ, Ракиќ, Томиќ, Пршиќ, Петров. Играа уште: Симиќ, Лазаревиќ, Рамиќ, Алексиќ, Стојковиќ,

МАКЕДОНИЈА: Петровски, Крстевски, Мицевски, Агуши, Петровиќ.

Играа уште: Арсовски, Леовски, Сефери, Исмаили, Рамадан,

ТАБЕЛА

1.БИХ 9 бод

2.РОМАНИЈА 2

3.МАКЕДОНИЈА 2

4.СРБИЈА 2

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk