logo
logo
logo

Фулам испадна од Премиер лигата

Vecer | 10.05.2021

Фулам испадна од Премиер лигата

Екипата на Фулам е третиот патник во Чемпионшип дивизијата на Англија покрај Шефилд Јунајтед и ВБА. Составот на Скот Паркер вечерва го загуби премиерлигашкиот статус откако загуби на домашен терен од Барнли со 0:2 и со тоа веќе немаат ни математички шанси за опстанок. Головите ги постигнаа Вествуд и Крис Вуд во првото полувреме.

Фулам го доживеа 18. пораз сезонава и по една сезона во елитата се враќаат во второлигашки ранг.

Фулам е втора најнеефикасна екипа во првенството (25 гола), само последниот Шефилд Јунајтед има помалку од нив. Забележаа само пет победи, а само две на домашен терен и само девет голови на домашен терен досега. Па не попусто лондонскиот тим се сели во понизок ранг.

Барнли со оваа победа се искачи на 14. место.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk