Страшна вест од Германија пристигнува. Почина Герд Милер. Икона на фудбалот во Европа, во Германија. Милер беше “КРАЛОТ“ на головите.

Со Баерн Минхен, со репрезентацијата на Германија во седумдесетите освои се што можеше да се освои. Го сочинуваше она фантастично трио…Маер – Бекенбауер – Милер.

Тоа е најславното трио во германскиот фудбал, можеби во европскиот.

Герд Милер, миленикот на фановите долго време, почина на 75 години и тоа утринава.

sportmedia.mk