logo
logo
logo

ФУДБАЛСКИ ЗЕМЈОТРЕС Лига на шампиони се гаси уште вечерва

Vecer | 18.04.2021

ФУДБАЛСКИ ЗЕМЈОТРЕС Лига на шампиони се гаси уште вечерва

УЕФА пред голем пораз

Американските медиуми го разбраниле светскиот фудбал со објава дека водечките тимови Англија, Шпанија и Италија за вечева објавиле нова затворена Суперлига во Европа. Во прашање се натпревари во кој ќе учествуваат само најсилните и најбогатите клубови во Европа.

Њујорк Тајмс пишува за лига со фонд од пет милијарди евра позади кои стои позната инвестициона банка Џеј Пи Морган, а план е да се надмудри најавата на УЕФА дека во понеделник ќе го претстави “швајцарскиот модел“, компромисно натпреварување во Лига на шампионисо 36 (наместо 32 тима) која требало да ги смири богатите клубови кои се незадоволни со распределбата на парите.

Реал Мадрид Барселона, Манчестер јунајтед и другите членови на новата Суперлига не сакаат повеќе да играат со клубови од фудбалски помалку развиени земји, особено кога немаат никаков финансиски интерес. Повеќе им е од интерес да формираат силна лига од 12 до 16 клубови и да ја делат заработувачката меѓу себе.

Што се однесува до Серија А, три тима се заинтересирани за вакво натпреварување, а тоа се Јувентус, Интер и Милан.

Од Германија и Франција пристигнуваат информации дека Баерн и Пари Сен Жермен сеуште не рекле “да“.

Историска ноќ за светскиот фудбал е пред нас, бидејќи водечките клубови од Англија, Шпанија и Италија тргнале ова попладне во формирање нова Суперлига на Европа, затворено натпреварување кое треба да значи и гасење на Лига на шампиони каква што ја знаеме.

Вечерва би можело да се случи револуционерен момент во светскиот фудбал, која најважната споредна работа, светот би го поделила на два дела – за богати и сиромашни.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk