Рускиот фудбалски гигант Зенит започна кампања за вакцинирање на своите фанови. Сите приврзаници на клубот од Санкт Петербург можат да си ја добијат својата доза од вакцината „Спутник V“ за Ковид-19 на стадионот пред домашните натпревари на екипата. Кампањата почнува денеска пред мечот со Ахмат.

Руското фудбалско првенство е едно од малкуте спортски настани во светот на кои се дозволени навивачи на трибините. Имунизацијата на фановите ќе започне два часа пред секој домашен меч на Зенит, а самата процедура по човек е потребно околу 15 минути. Секој треба да си носи со себе здравствена книшка и лична карта.

По 21 коло Зенит е лидер на табелата во руската Премиер лига со два бода повеќе од второпласираната ЦСКА Москва.

 

sportmedia.mk