logo
logo
logo

Фудбалска романтика пред пензија: Буфон останува на Апенините

Vecer | 13.05.2021

Фудбалска романтика пред пензија: Буфон останува на Апенините

Многумина веруваа дека тој ќе стави крај на својата богата кариера, но 43-годишниот голман не размислува на овој начин. Пензијата ќе почека.

Италијанските медиуми пишуваат дека Буфон својата кариера може да ја заврши во клубот каде што ја почна својата приказна. Станува збор за Парма. Иако оваа сезона ја напушта Серија А, сепак во клубот веруваат дека со помош на Буфон ќе успеат да се вратат назад. Доколку легендарниот голман успее да им помогне, тоа ќе биде вистинска фудбалска романтика на крајот на една голема кариера.

За услугите на овој голман беа заинтересирани клубови од Јужна Америка, но сето ова остана само на приказни без конкретен договор. Истото беше и со Барселона.

Навивачите на Парма посакуваат да се врати во клубот, самиот Буфон изјави дека сака еден таков ангажман пред крајот.

ФОТО: Gianluigi Buffon/TWITTER


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk