logo
logo
logo

Фудбалерот на стружани Ард Касами ги оперираше лигаментите

Vecer | 11.03.2021

Фудбалерот на стружани Ард Касами ги оперираше лигаментите

Голем удар за екипата на Струга Трим Лум. Имено Ард Касами, еден од клучните играчи на струшкиот прволигаш го чека долга, долга пауза, и тоа од 6-8 месеци, Имено тој пред два дена ги оперираше лигаментите на левото колено, откако се повреди непосредно пред стартот на пролетниот дел. Операцијата, како што велат од таборот на Струга Трим Лум минала успешно и сега се чека на долгата рехабилитација.

Инаку Касами во есенскиот дел, како последен играч за врска на Струга Трим Лум, беше еден од клучните играчи на стратегот Срѓан Захариевски. Сега, со оглед на тоа дека за него заврши сезоната, а ќе го нема и на стартот на новата, Захариевски ќе мора да прави претумбации во тимот и формацијата.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk