logo
logo
logo

Франција ја победи Србија и ја прати дома!

Vecer | 17.01.2022

Франција ја победи Србија и ја прати дома!

Во меч кој решаваше кој ќе оди во следната фаза на ова ЕП, и тоа во групата – Ц, Франција не дозволи никакво изненадување, успеа убедливо да ја победи Србија со 29:25 и со тоа ја прати дома. Интересно, на моменти на овој меч Франција имаше разлика и од 10 голови. Со ова се знае дека Фрнција и Хрватска одат натаму.

Норвешка иако имаше проблеми во првиот дел, сепак во вторто одигра далеку подобро и успеа да ја оправда улогата на фаворит и да ја победи Литванија со 35-29. Со овј триумф Норвежаните ставија печат на пласманот во следната фаза на ЕП.

И во третиот меч вечерва, се разбира покрај оној меѓу Македонија и Данска, вистинска драма меѓу Чешка и Шведска. На крајот нерешено и тоа 27-27, бод кој им одговара на Швеѓаните и кои се пласираа во следната фаза на ЕП. Во оваа група – Е, Шпанија заврши како прва, втора е Шведска но само поради гол разликата, Чесите има за што да жалат кои на крајот завршија како трети.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk