logo
logo
logo

Французин ја ШОКИРАШЕ јавноста со гестот на Евробаскет

Vecer | 28.09.2022

Французин ја ШОКИРАШЕ јавноста со гестот на Евробаскет

Бекот на француската репрезентација Еван Фурние вели дека не е задоволен од сребрениот медал освоен на Евробаскетот. Во финалето триколорите загубија од Шпанија со 88:76, а Фурние и Руди Гобер не носеа медал на подиумот.

- Кога работиш толку напорно за злато, а освојуваш сребро или бронза... За мене тоа е како навреда. Кога го добив медалот и го ставив на вратот, веднаш ме потсети на неуспех. Тешко е и сакав да се ослободам од него. „Тоа не е знак на непочитување“, рекол 29-годишниот Фурние, додавајќи: - Многумина не разбираат, но видовте дека се згрозивме на подиумот. Како некој да не наградува за губењето и да ни вели: „Секоја чест, изгубивте“.

Фурние, бекот на Њујорк Никс, е пред влез во својата 11-та сезона во НБА лигата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk