logo
logo
logo

Францускиот тенисер Беноа Пер доби забрана да игра на ЛОИ во Токио

Vecer | 23.04.2021

Францускиот тенисер Беноа Пер доби забрана да игра на ЛОИ во Токио

Француската тениска федерација објави дека на 35. тенисер на АТП листата Беноа Пер му е забрането учество на Олимписките игри во Токио.

Според изјавата, Пер нема да биде вклучен во делегацијата на Франција за олимпискиот тениски турнир поради често несоодветно однесување.

Предлогот да се донесе ваква драстична одлука го даде новиот технички директор на Француската тениска федерација, Никола Ескуд, во договор со селекторот на француската Дејвис куп репрезентација, Себастијан Грожан.

Однесувањето на Пер беше под посебна контрола откако беше казнет на турнирите во Буенос Аирес и Монте Карло за плукање, како и за изјави во кои остро ја критикуваше ситуацијата во светскиот тенис предизвикана од сите протоколи на Ковид и фактот дека натпреварите се играат без гледачи.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk