logo
logo
logo

Француски тенисер испадна во првото коло: Зошто да се мачам, вака си „лапнав“ 10.000 долари

Vecer | 19.03.2021

Француски тенисер испадна во првото коло: Зошто да се мачам, вака си „лапнав“ 10.000 долари

Контроверзниот француски тенисер Беноа Пер изјави дека воопшто не му е жал што прерано испадна од турнирот во Акапулко, Мексико. Пер изгуби од Гркот Стефанос Циципас со 6:3,6:1 за околу еден час.

Подобро да испаднам во првото коло. Можам бргу да го напуштам балонот и да уживам неколку дена пред Мајами. Тенисот не ми е приоритет во моментов“, изјави Пер.

Доаѓам на турнир, ќе заработам малку пари и одам на друг. Ако победите на турнир од серијата 250, можете да добиете само 30.000 долари. Кога ќе испаднам во првото коло, ќе земам 10.000 долари. Па не сум луд. Зошто да се мачам за малку повеќе пари?“, изјави Пер.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk