logo
logo
logo

Франција до прва победа во квалификациите, Мбапе утна пенал (ВИДЕО)

Vecer | 28.03.2021

Франција до прва победа во квалификациите, Мбапе утна пенал (ВИДЕО)

По изненадувачкото реми на стартот на квалификациите против Украина на домашен терен (1:1), светскиот шампион Франција ја обезбеди првата победа во циклусот квалификации за СП во Катар 2022 година. Попладнево на гостувањето против Казахстан, избраниците на Дидие Дешамп славеа со 2:0 и со тоа ја реализираа првата победа во циклусот.

Одлуката за победникот падна уште во првите 45 минути во кои напрво Дембеле погоди за 1:0 во 20. минута, а во самиот финиш на полувремето, Малиј ја погоди сопствената мрежа и на „триколорите“ им донесе предност и од 2:0.

Во второто полувреме Дешамп во игра го внесе и Мбапе, кој беше соборен во домашниот шеснаесетник во 74. минута. Судијата покажа на белата точка, но младата француска ѕвезда не успеа да го претвори пеналот во гол за зголемена предност, откако домашниот голман Мокин успеа да му ја прочита намерата и го одбрани ударот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk