Фотографии од семејниот албум на Џиџи Буфон - Од дете навивал за Јуве

Џанлуиџи во прегратка на мајка му Марија Стела Масоко со една од своите први топки во рака. Десно, една 'пророчка' фотографија: облечен во црно-белите бои на Јувентус со знаме на „Старата дама" во рака:

Крштевката во црква, 15 години пред да го има првото „крштевање" во Серија А:

Џиџи во раце кај татко му на една семејна фотографија во домашната градина:

Во прегратка на баба му:

За мајка му Стела, по двете ќеркички Гвендалина и Вероника, Џанлуиџи било првото машко дете:

Навивач на Јуве уште од дете:

Во школо со наставничката:

30 јуни 1987 година, фотографија со екипата: првиот пехар Џиџи го освоил кога имал 9 години. Уште не открил дека сака да биде голман...

... Можеби затоа што како играч го наградиле со лично признание:

1990-та, за Италија значи домаќинство на Светско првенство, а за Џиџи година на созревање:

Уште еден пехар - овојпат сфатил за што е роден:

Во првата фудбалска екипа:

Веќе во пионерите на Парма каде е највисок од сите:

Фамилијарна фотографија, Џиџи на кревет:

Во младинците на Парма 1995-96: Џиџи Буфон е голманот најлево на фотографијата. Меѓу фудбалерите кои стојат горе, втор од лево е Симоне Бароне со кого Буфон стана Светски шампион 2006:

Поврзани

Најнови вести

Коментари