logo
logo
logo

ФОТО НА ДЕНОТ: Македонската сила во Мелбурн Сити!

Vecer | 16.05.2021

ФОТО НА ДЕНОТ: Македонската сила во Мелбурн Сити!

Во австралиската А лига води екипата на Мелбурн Сити која по 22 кола има 45 бода и сигурно гази кон титулата. За „филијалата“ на славниот Манчестер Сити настапуваат и двајца Македонци, тоа се младиот Стефан Чолаковски и искусниот Даниел Георгиевски кој од неодамна е нов член на „сините“ од Мелбурн.

Токму тие двајцата беа во фокусот како подготовка за денешниот меч со Велингтон Феникс. Двајцата македонски фудбалери еден до друг на подготовките пред почетокот на натпреварот се најдоа во објективот на клупскиот фотограф кој овој момент го окарактеризира како „Фото на денот“.

Чолаковски беше стартер на дуелот со Велингтон и го одигра првото полувреме, па беше заменет, а Георгиевски влезе во игра во 76. минута. Мечот заврши 2:2.

Даниел Георгиевски е поранешен македонски репрезентативец, а Чолаковски беше повикан за селекцијата до 21 година но поради пандемијата не дојде на подготовките во Анталија кои ги спроведе селекторот Боби Милевски.

Чолаковски е роден во Мелбурн исто како и Георгиевски со тоа што едниот е напаѓач, а другиот е бек.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk