ПРОТИВНИКОТ Е ВО ГОЛЕМА ПРЕДНОСТ

ФОТО: Мелиса на Италијанците, а кој ќе им го дигне на Македонците, моралот!

Таквата фотографија беше вистински хит на сите социјални мрежи, а Сата секој ден добиваше по неколку понуди за работен ангажман

Точно дека нејзиниот сопруг настапува за селекцијата на Гана, но прекрасната Мелиса Сата важи за голем фан на фудбалската репрезентација на Италија.

Фудбалскиот свет ја започна поубавата половина на искусниот играч за врска, Кевин Принц Боатенг, во времето кога беше во љубовна врска со легендарниот репрезентативец на Италија, Кристијан Виери, а неколку години подоцна, Сата се забавуваше и со поранешниот бомбардер на седумкратниот европски клупски шампион, тимот на Милан, Пипо Инзаги.

Во 2010 година, Боатенг потпиша договор со Милан, а само неколку месеци подоцна, одличниот играч за врска се разведе од тогашната сопруга и започна љубовна авантура со атрактивната бринета. Дека е голем фан на фудбалската репрезентација на Италија, Сата докажа во 2011 година кога се соблече гола и дозволи на нејзиното совршено тело да биде нацртан "азурниот" дрес.

Таквата фотографија беше вистински хит на сите социјални мрежи, а Сата секој ден добиваше по неколку понуди за работен ангажман.

Нема дилема дека Мелиса ќе го следи и денешниот квалификациски дуел против репрезентацијата на Македонија, а нејзините атрактивни слики сигурно ќе бидат мотив плус за избраниците на Џампјеро Вентура.

Поврзани

Најнови вести

Коментари