logo
logo
logo

(ФОТО) Ја бараат вистината за неговата смрт-Аргентинците излегоа на улица поради Марадона

Vecer | 11.03.2021

(ФОТО) Ја бараат вистината за неговата смрт-Аргентинците излегоа на улица поради Марадона

Аргентинците, обожаватели на ликот и делото на славниот Диего Марадона, во средата масовно излегоа на улиците на Буенос Аирес, барајќи правда за нивниот идол, кој почина на 25 ноември минатата година.

Многу сомнежи сè уште се вртат околу причините за смртта на големиот човек, обожавателите ја бараат вистинската вистина додека истрагата за неговата смрт сè уште не даде никакви дефинитивни одговори.

– Не умре, го убија! – можеше да се слушне од толпата за време на протестот пред Обелиск во Буенос Аирес, каде неговите обожаватели вееја знамиња и пееја песни во знак на почит кон идолот на нацијата.

Поранешната сопруга на Марадона, Клаудија Вилафан и неговите две ќерки Далма и Џанина исто така беа присутни на собирот.

„Правда за Диего“, „Сакаме судење и казна за виновните“, беа само дел од транспарентите што се издвојуваа во бесконечната толпа луѓе, следбеници на одличниот фудбалер.

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, кој има скоро божествен статус во Аргентина, почина во својот дом додека се опоравуваше од операцијата на главата. Официјалната причина сè уште е срцев удар, но истрагата што треба да го потврди или побие сè уште трае.

Неговото семејство верува дека тој починал поради лошата грижа на лекарот и неговите помошници.

Обвинителството на Сан Исидра ја истражува причината за смртта на Марадона, а во моментов се обвинети седум лица. Според аргентинските медиуми, под истрага се лекарот на Марадона, Леополдо Лук, психологот Карлос Дијаз кој имал терапии со Марадона пред неговата смрт и медицинските сестри Дахијана Гизела Мадрид и Рикардо Алмирон и уште три лица.

Марадона беше еден од најдобрите фудбалери во историјата на овој спорт, легенда, икона на Наполи и Бока јуниорс. Кариерата ја започна во 1976 година во Аргентинос јуниорс. Во кариерата играше за Бока јуниорс, Барселона, Наполи, Севилја и Њуелс Олд Бојс, а заврши во 1997 година во дресот на Бока јуниорс.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk