logo
logo
logo

Форино не истрча на терен, следува преселба во најнизок ранг, ВМФЛ – запад продолжува со 9 екипи!

Vecer | 27.02.2021

Форино не истрча на терен, следува преселба во најнизок ранг, ВМФЛ – запад продолжува со 9 екипи!

Како што и беше најавено, фудбалерите на Вардар Форино денеска на градскиот стадион во Гостивар не истрчаа на теренот да го одиграат мечот со Гостивар во рамките на 17.коло во ВМФЛ – запад. Причините се тешката финансиска состојба и неможноста клубот да најде адекватни финансиери, нешто се слично се случуваше и во есенскиот дел кога Вардар Форино не одигра еден натпревар. Со оглед на тоа дека сега овој клуб има два неодиграни натпревари, следува исклучување од лигата и преселба во понизок ранг а Втората лига – запад ќе продолжи со 9 екипи.

Во 14 часот на теренот во Гостивар се појавија службените лица, фудбалерите на противничкиот тим, само ги немаше оние на Вардар Форино. Откако се почека одреден период, според правилата, судијата покажа крај на овој неодигран натпревар.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk