logo
logo
logo

“Фор Фор Ту“: Една од причините зошто вредеше да се чека ЕП е и Горан Пандев!

Vecer | 08.06.2021

“Фор Фор Ту“: Една од причините зошто вредеше да се чека ЕП е и Горан Пандев!

Иако дебитант, нашата репрезентација често се споменува во медиумите ширум Европа во контекст на нејзинот настап на ЕУРО 2020. Сите потенцираат дека Македонија ќе биде вистинско освежување, сите ја гледаат со други очи што се вели, посебно по триумфот над Германија со 2:1 во март месец среде Дизелдорф во квалификациите за СП во Катар 2022 година.

Па така еден од најценетите спортски портали „Фор Фор Ту“ излезе со напис за тоа зошто вредеше да се чека ЕУРО 2020, зошто вредеше да почекаме среде корона криза една година плус.

Една од тие причини бил и Горан Пандев.

Се наведува дека убаво е да има нови лица, Македонија го залсужила настапот на ЕП. Се споменува како најзаслужен за тоа дека е капитенот Горан Пандев со неговиот златен гол во Тбилиси и овозможи на својата земја голема радост. Пандев бил рекордер во секоја смисла на зборот.

Дел од останатите причини биле враќањето на Италија на големата сцена, потоа групата на смртта во која се наоѓаат Франција, Германија, Португалија и Унгарија. Учеството на Шкотска, Финска. Дуелот меѓу Англија и Шкотска во петок навечер и друго.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk