Португалскиот стратег Пауло Фонсека вели дека не станал менаџер на Тотенхем поради својот напаѓачки стил на игра. Двете страни имале разговори, наводно усно бил постигнат двегодишен договор, а потоа дошол спортскиот директор Фабио Паратичи и го откачил Фонсека. Паратичи го сакал Конте, па Гатузо во тимот, за на крајот да го назначи Нуно Еспирито Санто кој претходно го водеше Вулверхемптон.

Се договоривме за соработка но тоа беше усно. Планиравме и предсезонска подготовка и Тотенхем сакаше офанзивен тренер. Не беше објавено, но дури испланиравме кои играчи ќе се обидеме да ги донесеме. Но нештата се променија кога дојде новиот спортски директор и не се согласувавме во некои сегменти.

Јас имам некои принципи. Сакам да работам во големи тимови, но го сакам правилниот проект и клуб каде што луѓето веруваат во моите идеи, мојот стил на игра кој е напаѓачки. Тоа го сакаа претседателот Даниел Леви и спортскиот директор Стив Хитчен – да направиме тим кој може да игра атрактивен и офанзивен фудбал и јас бев спремен за тоа. Не знам поинаку. Сите мои тимови играат напаѓачки. Дури и кога играат против најголемите, играат напаѓачки не сакам да се бранат во сопственото поле. Но изгледа тоа не му се допадна на новиот спортски директор“, вели Фонсека.

 

sportmedia.mk