logo
logo
logo

Фода: Улогата на Грегорич е да дава голови, и тоа и се случи

Vecer | 13.06.2021

Фода: Улогата на Грегорич е да дава голови, и тоа и се случи

Селекторот на Австрија, Франко Фода не можеше, а да не биде среќен по вечерашниот триумф над Македонија од 3:1. Иако во текот на целиот меч немаа позитивен резултат, сепак, на крајот Австрија обезбеди три бода.

„Среќни сме што ги освоивме првите три бода на овој турнир, против силна репрезентација. Измените дадоа плод, И Арнаутовиќ и Грегориќ. Се работи за квалитетни фудбалери, кои во дадената ситуација, го дадоа она за што беа ставени во игра.

Имавме контрола на играта и тоа вроди со плод. Задачата на Грегориќ е да дава голови и тоа и го стори. Се работи за исклучително квалитетен фудбалер“ – изјави Фода.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk