logo
logo
logo

Флоренци: Сити можеби ја доби оваа борба, но војната не е завршена

Vecer | 28.04.2021

Флоренци: Сити можеби ја доби оваа борба, но војната не е завршена

Со два гола во второто полувреме Манчестер Сити ја однесе победата на гостувањето кај ПСЖ и си ја подотвори вратата кон своето прво финале. Сепак има реванш за седум дена, но ПСЖ сега ќе брка победа на „Етихад“ и треба да постигне најмалку два гола.

Италијанскиот репрезентативец во ПСЖ Алесандро Флоренци вели дека Сити вечерва ја добил борбата, но не и војната.

Ја зaгубивме острината, тоа  не личи на нас. Првиот нивни гол беше на среќа, а вториот топката мина низ живиот ѕид. Детали го решаваат натпреварот, а ова беа тие два детали кои донесоа победа за Сити. Сепак, далеку од тоа дека се е завршено. „Граѓаните“ можеби ја добија оваа битка, но војната се уште трае. Нема да биде лесно на реваншот, но се надеваме на победа. Потребни ни се 11 воини кои ќе изгинат на теренот“, изјави Флоренци кој во ПСЖ игра како позајмен од Рома.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk