Баерн Минхен е елиминиран од Лигата на шампиони и покрај победата од 0-1 во Париз во рамките на реваншот во четвртфиналето. Актуелниот европски првак нема да ја брани титулата.

По завршување на средбата легендарниот германски фудбалер, Лотар Матуес, за „Скај“ откри дека Флик заминува по завршување на сезоната.

„Ханси Флик ќе замине на крајот на сезоната. Веќе има понуди од германската репрезентација, а Баерн работи на тоа, за тренер сака да го донесе Џулијан Нагелсман“, порака легендарниот Германец.

Баерн и натаму има шанса да ја одбрани титулата во Бундес-лигата, но останува жал за пропуштената шанса да освои нов трофеј во Европа.

sportmedia.mk