logo
logo
logo

Флик би можел да остане во Баерн само под еден услов

Vecer | 18.04.2021

Флик би можел да остане во Баерн само под еден услов

Ханси Флик по мечот со Волфсбург го извести раководството на Баерн дека сака да го раскине договорот и да си замине на крајот на сезона. Стратегот на баварскиот гигант не сакал да ја открие причината, излезе со кратко објаснување.

„Сакам да ја раскинам соработката на крајот на сезоната. Тоа е факт и ми беше многу важно да слушнат од мене. Одлуката не беше лесна. Јас сум навивач на овој клуб, затоа сум им благодарен за шансата која ми ја дадоа. Направивме добра работа во претходните две години“, изјави Флик.

Сепак тамошните новинари тврдат дека тој може да остане само под еден услов.

„Флик ја има поддршката од Управниот одбор на клубот, тие мора да одговорат на неговото барање за раскинување на договорот. Исто така, ако ја раскинат соборатката со Хасан Салихамиџиќ, Флик би можел да ја промени својата одлука“, новинарот Плетенберг.

Глик во Баерн дојде на почетокот на ноември 2019 година. Тој освои се што можеше, баварскиот гигант го водеше на 81 натпревар, запиша 67 победи, има осум ремија и шест порази.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk