logo
logo
logo

ФК Вардар „трансфериран“ на новиот сопственик – Шилегов: Можеби му треба еден ваков рестарт на Вардар

Vecer | 28.07.2021

ФК Вардар „трансфериран“ на новиот сопственик – Шилегов: Можеби му треба еден ваков рестарт на Вардар

Денеска на прес-конференција, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, екс директорот на Вардар Самоил Симев и новиот сопственик Слободан Крстевски, обелоденија „трансферирање“ на ФК Вардар во рацете на новиот сопственик.

„Новиот инвеститор ја превзема обврската да ја рехаиблитира екипата. Успеваме да создадеме така да кажам еден нов фудбалски клуб кој гарантира дека ќе се врати во Првата лига. Можеби едно вакво рестатрирање беше потребно, да го поставиме клубот на здрави нозе. Сите долгови, ќе бидат целосно превземени од страна на новиот инвеститор“, рече Шилегов, кој што обелодени дека целосната трансформација ќе се направи на следната седница на Советот на Град Скопје, како орган кој што ја има донесено одлуката за продажба на акциите на ФК Вардар.

Самоил Симев на прес-конференцијата рече дека сите оние кои имаат побарувања кон ФК Вардар, ќе бидат исплатени во рок од еден месец од потпишувањето на договорот.

„Коминтентите би биле исплатени во рок од еден месец по потпишување на договор. Ова е се добро испланирано, искоординирано и веќе долг период разговарано. Како услов, следува префрлување на корисничкото право на тренинг кампот, со што Вардар ќе си го задржи својот дом. Една голема благодарност за г-нот Самсоненко за сите вложувања, и до градончалникот за решение на Вардар. Да му посакам на новиот инвеститор многу среќа, тука сум да помогнам за се што треба.“, рече Симев.

Слободан Крстевски истакна дека има големи планови за Вардар.

„Благодарност до сите кои се ангажираа Вардар да биде исправен на некакви здрави нозе и да функцонира. Благодарност до градоначалникот Шилегови и до старите сопственици. Имаме големи планови, можеби уште поголеми од минатите сопственици. Во преговори сме и со странски и со домашни инвеститори, за кога Вардар ќе се врати во Прва лига, да инвестираат во клубот. Планираме да ангажираме и некои лица во Вардар кои во минатото играле за тимот и од тука, но и од странство“, изјави Крстевски.

Долговите кон коминтентите се околу 2,4 милиони евра. Договорот со „Блу Скај Инвенстмент“ ќе биде од март 2022 година.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk