Аталанта продолжува да ниже победи и остана во ТОП 4 на табелата во Серија А и по вечерашното незгодно гостување кај Фиорентина. Момците од Бергамо водеа со 2:0, но дозволија Фиорентина за десетина минути да се врати со израмнување. Сепак на крајот со гол од пенал, трите бода заминаа за Бергамо.
Фудбалерите на Аталанта тотално доминираа во првите 45 минути и на пауза заминаа со предност од два гола. Најпрво во 13. минута, Дуван Запата погоди во домашната мрежа за водство од 1:0, а потоа истиот фудбалер на пет минути пред одморот ги доведе гостите и до водство од 2:0.
„Виолетовите“ во вториото полувреме влегоа многу подобро, а одличната игра беше крунисана со два гола за враќање од „мртвите“. Српскиот репрезентативец Влаховиќ со погодоците во 57. и 66. минута донесе 2:2.
Сепак, само четири минути по израмнувањето, Аталанта доби пенал кој Иличиќ го претвори во ново водство – 2:3.
sportmedia.mk