logo
logo
logo

Финска ги отвори картите: За реваншот со Македонија се враќа најдобриот

Vecer | 13.04.2021

Финска ги отвори картите: За реваншот со Македонија се враќа најдобриот

Македонската ракометна репрезентација до крајот на квалификациите за пласман на ЕП 2022 година ќе одигра уште два меча. На 28. април, Кирил Лазарови и останатите момци и гостуваат на Финска, а селекторот Ола Линдгрен објави скратен список од 16 ракометари.

Во составот на тимот се враќа најдобриот ракометар Нико Ронберг, кој не играше во Скопје. На списокот на Линдгрен се најдоа 13 играчи и тројца голмани.

Иако Финска нема шанси да се најде меѓу патниците за ЕП 2022 година, сепак најавуваат битка на теренот.

„Играта против Швајцарија ни дава надеж дека можеме да дојдеме до бод против Македонија. Противниците ни се добро познати, ќе се бориме до самиот крај“, најави од таборот на Финска.

Првата средба во Скопје заврши со убедлива победа на Македонија (33-24). Нашата репрезентација има шест бода исто колку и Данска.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk