logo
logo
logo

Финалистите во ЛШ на мегдан во Премиерлигата: Сити за потврда на круната, Челзи за „бронза“!

Vecer | 08.05.2021

Финалистите во ЛШ на мегдан во Премиерлигата: Сити за потврда на круната, Челзи за „бронза“!

Манчестер Сити против Челзи, денеска во 18:30 се судираат во Премиерлигашкото друштво. Сити денеска може да биде крунисан во нов првак, потребна му е уште една победа, или, пак, Јунајтед да направи еден „кикс“. Финалистите во ЛШ можеби денеска нема да ги откријат своите најсилни адути, па затоа може да има измени во составите.

Челзи, пак, од друга страна ќе се бори за третото место, кое е возможно по „киксот“ на Лестер вчера.

Пеп Гвардиола искажа максимален респект кон Тухел пред денешниот дуел.

„Респект кон Томас. Во сите тимови каде што беше, остави белег. Не сум изненаден поради неговите добри резултати“, рече Гвардиола.

Томас Тухел кажа дека премиерлигата е една од најсилните првенства во Светот, и дека треба многу квалитет и работа за да се освои пехарот.

„Премиерлигата е супер тешка. Се игра со голем интензитет и секој тим има свој стил на игра. Секогаш е тешко да се игра и против Саутемтпон, Лидс, Ливерпул, со сите екипи… “, рече Тухел кој истакна дека сака од Челзи да направи победнички тим и идната сезона да се бори за титулата.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk