logo
logo
logo

Финалето на ЛШ на Вембли, Истанбул добива 20 милиони евра отштета!?

Vecer | 09.05.2021

Финалето на ЛШ на Вембли, Истанбул добива 20 милиони евра отштета!?

УЕФА е се поблиску до носење одлука, овогодинешното финале од Лигата на Шампионите да го пресели од Истанбул во Лондон, и истото да се игра на стадионот Вембли.

Причината за ова е проблемите коис е создадоа со пандемијата, а ги има неколку. Прво и основно во Турција во моментов владее тотален карантин, потоа, двата финалисти се од Англија, а владата во Велика Британија, со документ им забрани на навивачите да патуваат во Истанбул доколку мечот се игра таму, и конечно доколку и се оди во Турција, сите стартувајќи од тимови па натаму ќе мора најпрво во карантин.

Поради сето ова, УЕФА најверојатно ќе донесе одлука финалето помеѓу Манчестер Сити и Челзи да се игра во Лондон, но со назнака дека клубовите ќе мора да се октажат од заработката по повод учевството во финалето и парите ќе му бидат доделени на градот Истанбул односно на организаторот на финалето. Се работи за сума нешто поголема од 20 милиони евра, поточно 22.5.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk