Александар Ставрев, еден од нашите најдобри судии е одреден за главен судија на финалето во Купот на Македонија кое се игра во среда. Познато е дека се среќаваат во битката за пехарот екипите на А. Пандев и Силекс, а мечот се игра на Арената “Тодор Проески“ во Скопје со почеток во 19 часот.

На Ставрев ќе му помагаат Дејан Костадинов и Гоце Петрески, додека четврти ќе биде Марјан Маркоски кој со овој меч веројатно се простува од својата долгогодишна успешна судиска кариера.

Инаку за контролор е одреден Хаџипази Алиерџан од Костивар, додека делегат ќе биде Кочо Зердески од Кичево.

sportmedia.mk