logo
logo
logo

Филипе Луис: Жозе не знаеше да го извлече најдоброто од мене, најмногу патев од Салах

Vecer | 23.02.2021

Филипе Луис: Жозе не знаеше да го извлече најдоброто од мене, најмногу патев од Салах

Поранешниот играч на Челзи Филипе Луис даде љубопитно интервју за „Гардијан“ во кое сподели проблеми со Жозе Мурињо кога Потугалецот беше тренер на „Стемфорд Бриџ“. Бразилскиот лев бек призна дека му се восхитува на Мурињо, меѓутоа тој едноставно не знаел да го извлече најдоброто од него и од Мохамед Салах. Филипе Луис во 2015 година ја освои Премиер лигата со Челзи, а сега игра во Фламенго.

Филипе Луис сподели дека на тренинзи најмногу пател од Салах кого го спореди со Меси.

На тренинзите најмногу страдав од Салах. Кога тој отиде во Фиорентина, го прашав зошто си оди од тука, па ова е Челзи, многу подобар и попознат клуб. Тој ми одговори дека има потреба да игра. Си реков: „На момчево не му се важни парите и се ќе направи само за да игра. Секоја му чест“. Си отиде за да покаже дека може да игра. На тренинзите беше како Меси, ама навистина како него. Прашајте кого сакате. Тој ме излудуваше, не можев глава да кренам“, сподели Филипе Луис кој најдобрите години во профи-фудбалот ги имаше во Атлетико Мадрид.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk